д-р Екатерина Јурукоски, дерматолог и специјалист за естетска медицина
Хијалуронска киселина е главниот “beauty“ помошник во денешно време. Ја нарекуваат “еликсир на младоста“ и е главната состојка на инјекции за подмладување и скоро на сите производи за убавина.
- Прв пат хиалуронска киселина се спомнува во ветерината во 1934 година. Ветеринарите ја пронашле во состав на окото на бик и почнале да ги истражуваат нејзините својства. Од 70-тите години се зголемува динамиката на истражувањата за хијалуронска киселина и веќе денес достигнува врв на популарност.
- Една молекула на хиалуронска киселина привлекува 500 молекули на вода. Фактички хијалуронската киселина изгледа како сунѓер кој ја впива и ја задржува водата а и учествува во процеси на регенерација и на синтеза на колагенот и еластинот.
- Хиалуронска киселина ја содржи и нашата кожата и го регулира водниот баланс на кожата. Исто така може да се најде во коските, лигаменти и очите. Со тек на време нивото на хијалуронска киселина се намалува-кожата станува посува, се појавуват брчки, се губи контура на лицето. Исто и така се појавуват дегенеративни процеси во зглобовите. Затоа инјектирање на хијалуронска киселина во вид на филер (англ. To fil – пополнување) станува толку популарно. Хијалуронот ги пополнува брчките, ја измазнува кожата, го нормализира водениот баланс. Со истата цел хиалурон се користи во состав на кремите и серуми за лицето. Нежното пополнувавање на ткивото со хијалурон овозможува да се коригираат и недостатоците на лицето како и загубениот волумен како и да реконтурираат образите, носот и устата.
- Хијалуронска киселина има различно потекло. Иако има и хиалурон од животинско потекло најчесто се употребува хијалурон од биохемиско потекло за да се избегнат несакани последици како алергија.
- Хијалуронска киселина ја има и во вид на капсули наменети за орално користење. Треба да помине минимум 6 месеци да се видат први знаци на подобрување на квалитет на кожата. Процесот е многу бавен а и зависи од квалитет на производ и од самата состојба на организмот. При внатрешна употреба хијалуронска киселина оди прво во зглобовите и коските и само на крај во кожата.