Режисерот Лукино Висконти во 1979 година ја обиколи Европа во потрага по главниот актер за својот филм „Смртта во Венеција“. Тој барал тинејџер којшто ќе се вклопи во поимот на совршена убавина. Многумина мислеле дека бара актерка, но тој одлучил главната улога да му припадне на момче.
Швеѓанецот Бјерн Андерсен којшто тогаш имал 15 години се вклопувал во неговата претстава на идеална убавина.
Титулата најубаво момче на светот му ја доделил на премиерата на филмот во Лондон на која присуствувале и кралицата Елизабета Втора и нејзината ќерка принцеза Ана. Критичарите младиот актер го споредиле со Давид на Микеланџело.
Во документарецот се прикажува и како изгледале аудијата за филмот на Висконти кој тогаш имал 63 години. Режисерот ги набљудувал фотографиите од момчето и го прашал кастинг директорот: Колку години има тој? Постар е, зар не?
Бјерн на аудиција бил во Стокхолм кога Висконти дознал податоци за него и кажал: Има 15 години. Многу убаво. Може ли да го замолите да се соблече?
Момчето ја соблекло облеката, а режисерот јасно ставил до знаење дека го пронашол идеалниот актер.
„Се чувствував како да има роеви лилјаци околу мене. Тоа беше реален кошмар, бев сексуален објект“, изјавил Андерсон.
Бјерн денес има 68 години, живее во стан, има проблеми со киријата и поранешната партнерка.
А, пред да падне во канџите на Висконти доживеал бројни трауми и трагедии. Неговата мајка не сакала да му каже кој е неговиот татко, а еден ден исчезнала, за шест месеци подоцна да ја пронајдат мртва во шума. Сето тоа укажувало дека извршила самоубиство.
„Кога ќе пораснам, ќе ја спасам мајка ми“, зборувал Бјерн пред трагедијата.