Според британските медиуми, Дејвид и Викторија Бекам имале корона. На почетокот на март, додека биле заразени, тие престојувале во САД и Велика Британија.
Дејвид и Викторија се плашеле дека се супер-ширители на заразата затоа што неколку нивни вработени добиле коронавирус.
Двојката поминала време со децата од 5. до 19. март патувајќи од Лос Ангелес во Лондон и Котсволдс и во Мајами, и’ време не знаејќи дека се заразени со коронавирус.
Во Мајами, Дејвид бил на весела забава каде се ракува и се поздравува со пријателите и фановите. По враќањето во Велика Британија, семејството Бекам започнало да се чувствува лошо и Викторија имала болки во грлото и висока температура.
“Тоа беше сценарио за кошмар. Тие присуствуваа на неколку посетени настани затоа што Дејвид имаше промотивни должности и се ракуваше и ги бакнуваше фановите”, изјави извор за „Сан”.
Тој исто така додаде дека неколку лица од персоналот, вклучително и возачи и телохранители, се заразиле, а некои од нив биле сериозно болни.
Според изворот, Викторија навистина се испаничила и го принудила целото семејство да оди во изолација повеќе од две недели.