Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, направи споредба на начинот на вработување лекар во земјите во ЕУ и начинот на вработување на лекар во Македонија. Тој вели дека лекарите во земјава мора да исполнат неколку партиски услови за да го облечат белиот мантил.
„Вработување на лекар во ЕУ: Дипломираш, праќаш CV во болница, те викаат тим специјалисти на интервју – те вработуваат (ако си добар и те бива). Вработување на лекар во Македонија: Дипломираш (со врски), попунуеш книшка од СДС-ДПМНЕ, чекаш препорака од некој сељак одговорен за ‘кадрово‘ од нивните месни комитети (ако си докторка може и да ти се припуштава сељакот), чекаш наместен конкурс за вработување; аплицираш, ти бараат мито или список за гласање неспособни локални партијаши, не им даваш – вработуваат твој колега со просек шестица кој препишуел на испит. Ти си пакуваш куферите и си идеш. И после, пациентите бегале од болници!? Стварнооо. Не да бегаат, усвет им се фаќа на луѓето више – и не само на пациентите, туку и на лекарите (пола мои другари од генерација се успешни доктори по Германија, оти ‘не ги биваше‘ да се снајдат у вукојебинава). Ресет треба, другари! Ресет на цел систем. И ќе го направиме. За да не ни бегаат ни доктори, ни пациенти. Ама па и вие, не гласајте веќе за СДС-ДУИ-ДПМНЕ“, напиша Апасиев на Фејсбук.