Ќерката на Чарли Шин објави фотографија од себе од пред и по пластичната операција (ФОТО)

by Тони Зографски

Ќерката на  поранешната холивудска брачна двојка, Чарли Шин и Дениз Ричардс, 21 годишната Семи Шин, објави фотографија на социјалните мрежи од тоа како изгледала пред и по естетските корекции.

„7 години разлика. Фала му на Бога за екстензии за коса, филери за усни, зголемување на градите, операција на носот, протези и бакнеж 2 на Фејсбук“, напиша таа во описот на фотографијата.

Според некои нејзини фанови Семи со објавата имала намера да ги охрабри луѓето да се подложат на естетска хирургија, по што таа одговорила дека тоа не ѝ била целта.

„Мојата цел со овој пост беше да бидам транспарентна за тоа што си направив самата на себе, бидејќи луѓето ме прашуваат за ова постојано, а последното нешто што сакам да го направам е да лажам. Никогаш не ми беше намера да промовирам пластична хирургија. Мислам дека природните тела се многу, многу убави“, напиша Семи.

Семи Шин е корисничка на платформата OnlyFans и ова не е прв пат отворено да зборува за тоа што променила на своето тело, а нејзината најголема желба била да направи операција на носот, што на крајот и го направила.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com