По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на град Скопје денеска донесе одлука да се дуплира таксата за застаклени летни тараси на кафеани и кафулиња. Тоа значи градот нема да им ги урива терасите на угостителите туку двојно ќе има наплати.
Имено, ако постојаната такса е 15 денари за метар квадратен за поставување на маси и столици на јавна површина, од идната зима угостителите ќе мора да плаќаат дополнителни 15 денари за квадратен метар застаклена тераса.
Инаку, досега сопствениците на локалите кои имаа маси и столчиња надвор од објектите терасите ги поставуваа на диво. Одобрение имаа само за поставување на опремата, но не и за монтажните конструкции.