4-6 кг свинска плешка
1 главица кромид
2 портокали
5-6 суви сливи
малку масло за готвење
малку сол, црн пипер, вегета, црвена пиперка
1-2 лажици сенф
300 мл пиво
Подготовка:
Месото убаво се истрива со зачините (сол, сушен зеленчук, бибер, сенф и црвен пипер) за да навлезат во месото. Се премачкуваа со масло за готвење и се остава да стои најмалку 2 часа.
Во тавата со месото се става една главица добро измиен и неизлупен кромид , се додаваат 5-6 суви сливи без семки, 2 портокали, 1 лажица маст и сето тоа се залева со 2 чаша вода.
Тавата се прекрива со алуминиумска фолија и се става во рерна да се пече на висока температура, околу 230 степени еден час. За тоа време течноста во тавата ќе зоврие и тогаш температурата се намалува на 150-160 степени и се остава така да се пече најмалку 3 часа.
Се трга алуминиумската фолија и се остава да се пече непокриено за месото да добие малку боја. На крај, се залева со околу 300 мл пиво и повторно се враќа во рерната на тивко додека испари скоро целото пиво.
Треба да се внимава да не испари целата течност, а доколку се забележи тоа, се додава уште вода и се остава течноста да зоврие. Течноста, заедно со кромидот, сувите сливи и портокалот, со помош на блендер, се пасираат за да се добие сос.