Хит претставата „Не се клади на Енглези“ која веќе четири ипол години игра на репертоарот на МНТ, следната изведба ја посветува на хуманоста.
За изведбата на 11 ноември, средствата од продажбата на билетите ќе одат на сметката на Сара Настеска, 15 годишна девојка од Охрид, на која итно и е потребна трансплантацијата на коскената срж.
Токму затоа, МНТ и продукцијата на „Не се клади на Енглези“, одлучија билетите да ги покачат на 500 денари. Влезниците се продаваат на билетарницата и онлајн, на страницата на МНТ.
Претставата е иницирана од тројцата актери кои играат во неа: Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ, а е во режија на Синиша Ефтимов. Премиерата се одржа во март во 2014 година на малата сцена на МНТ.