Манекенката Јасмин Тукс и нејзиниот сопруг Хуан Дејвид Бореро го добија своето второ дете, две недели откако 34-годишната убавица гордо го покажа своето трудничко стомаче на модната ревија на Викторија Сикрет.
Момчето, кое го крстија Матео Ира Бореро, се роди на 28 октомври, само 13 дена по спектакуларната модна ревија одржана на 15 октомври.

Среќните родители ја споделија веста на Инстаграм, објавувајќи серија црно-бели фотографии од новороденчето Матео и нивната двегодишна ќерка Миа.
„Најголемиот благослов. Матео Ира Бореро, 28.10.25“, пишува во описот на објавата.

Бремена на модната писта
Само пред неколку недели, Јасмин не дозволи нејзината одмината бременост да ја спречи да ја отвори модната ревија на Викторија Сикрет за 2025 година. Таа изгледаше божествено додека го покажуваше своето трудничко стомаче на пистата во Њујорк. Носеше боди во боја на кожа под мрежест миди фустан украсен со монистра, кој имаше конструкција во облик на школка на грбот. И покрај нејзината напредна бременост, таа храбро носеше високи потпетици.

Претходно призна дека втората бременост ѝ била потешка од првата. „Мислам дека е малку потешко овој втор пат само затоа што имам мало дете“, изјави таа за People. Сепак, беше исклучително среќна со новороденчето. „Ќе биде толку посебен момент. Семејството на мојот сопруг доаѓа во градот за два до три месеци, па ќе биде убаво да ја имам таа поддршка од мајка ми и моето семејство. Ќе биде полна куќа тука во домот Тукс-Бореро, за што сум навистина возбудена.“
Јасмин и нејзиниот сопруг Хуан Давид Бореро се запознаа во 2016 година. Се верија во септември 2020 година, а се венчаа една година подоцна во Еквадор. Бореро е директор за меѓународни пазари во Snap Inc. и син на поранешниот потпретседател на Еквадор, д-р Алфредо Бореро Вега.
Долгогодишен ангел
Јасмин е ветеран на Victoria’s Secret. Таа носеше ревии за познатиот бренд од 2012 до 2018 година, а учествуваше и во нивното враќање во ребрендирана ревија во 2024 година. Официјално стана ангел во 2015 година, а нејзината кариера го достигна врвот во 2016 година кога имаше чест да го носи градникот „Фентези“ вреден 3 милиони долари.
