Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетотна Никола Груевски,
На седницата не дојде ниту еден пратеник од опозициската ВМРОИ-ДПМНЕ.
Одлуките за барањата за одобрувањe на мерката притвор ќе бидат испратени до претседателот на Собранието кој треба да закаже пленарна седница.
Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија.