Украинската банка “Монобанк“ на своие клиенти им понуди поволни камати за тие што ќе изодат 10.000 чекори дневно.
Доказ за изодените 10.000 чекори е апликацијата за здравје на паметните телефони, а потоа банката ги разгледува податоците на дневна основа. Клиентите кои ќе докажат дека направиле потребните 10.000 чекори ќе добијат 21 одсто камата на нивните заштеди. На оние што нема да им успее да ја поминат дадената норма во рок од три дена каматата им се намалува на 11 одсто. Ако некој од клиентите се обиде да изврши лажна пријава, односно да ги лажира тие 10.000 чекори, каматата веднаш му се симнува на најниско ниво.
Ваквиот концепт го развиле тројца директори на банката како би ја зголемиле нејзината популарност, а во исто време би отвориле и војна со дебелината.