Емили Ратајковски разменувала страсни бакнежи со 10 години постариот режисер (ФОТО)

by Тони Зографски

Емили Ратајковски (34) била забележана во Њујорк во страсна прегратка со францускиот режисер Ромен Гаврас (44), со што ја потврди својата нова романса.

Парот прошета низ градот разменувајќи нежни погледи, а во еден момент Емили, со насмевка, му скокнала на Ромен во прегратка. Ова е нивно прво заедничко појавување во јавност. Емили носела кафеав кожен мантил со крзнени ракави, црн топ и широки црни панталони, додека Ромен избрал темносин капут преку беж кошула и сина маица.

За Емили ова е прва нова романса откако минатото лето беше поврзувана со кантри пејачот Шабузи. Пред тоа, медиумите ја поврзуваа со Хери Стајлс, комичарот Ерик Андре и други познати имиња.

Манекенката претходно беше во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Меклард, со кого го има синот Силвестер. По нивниот развод во 2022 година, таа јавно го обвини поранешниот сопруг за неверство.

Нејзиниот нов партнер, Ромен Гаврас, е познат по режија на музички спотови, вклучувајќи соработки со Канје Вест, Џеј Зи и пејачката М.I.A. Последниве години се фокусира на долгометражни филмови, а неговиот најнов филм „Sacrifice“ премиерно беше прикажан во септември на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и предизвика поделени реакции кај критиката поради контроверзната тематика.

Ромен е инаку поранешен партнер на пејачката Дуа Липа со кого беше 8 месеци во врска во 2023 година. Тој претходно беше во врска со Рита Ора во 2021 година.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com