Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп со семејството ја посети Костарика, па папараците ја фотографираа на тамошната плажа како ужива во сурфање, во што таа е доста добра. Нејзиниот изглед се коментира, а за некои тие слики се причина да ја потсетат на наводно непримерниот однос на нејзиниот татко кон неа.
Иванка Трамп, која ја совлада и вештината џију – џитсу, докажа дека знае и да сурфа, а оваа вештина ја покажа и претходно. Таа отиде на патувањето со сопругот Џаред Кушнер и нивните три деца Арабела, Џозеф и Теодор. Само Кушнер им побегна на папараците.
„Таа е најубавата жена што сум ја видел, ја запознав во хотел во Беверли Хилс, таа е совршена“, гласи коментарот на Инстаграм, но упатуваат и вака критики: „Повеќето Американци не можат да си дозволат ваков одмор“.
Има многу коментари кои нè потсетуваат на наводниот непримерен однос што Доналд Трамп го има кон неговата ќерка Иванка Трамп, велејќи: „Татко ѝ ќе го врами ова, тој е заљубен во неа“, „Му доаѓа вода на устата“, „Ова ќе биде неговата слика на скрин сејверот“.
Коментарите се без мерка, а нема докази дека Трамп ја преминал границата со својата ќерка, иако во 2013 година ги шокираше сите кога, во шоуто на Венди Вилијамс, на прашањето што е заедничко неговата и страста на Иванка, Трамп рече: „Ќе кажам секс, но не можам да се поврзам со неа таму“. И двајцата беа во студиото, а Трамп со прст покажа кон својата наследничка.
Трамп продолжи да шокира и во емисијата на Хауард Стерн рече: “Знаете кој го има едно од најдобрите тела на светот, сите се согласуваат со тоа? И јас помогнав да се создаде? Иванка. Мојата ќерка Иванка. Висока е 180 сантиметри, има најдобро тело”. Рекол и дека би се забавувале со неа да не му е ќерка.
За среќа, се остана на ниво на гласини, како ги коментираат ваквите приказни, како и фотографиите од Иванка Трамп.
