Владо Јаневски ќе слави 25 години од музичката кариера со концерт во Скопје, на 16 март во ВИП Арената.
Пејачот и композитор првично закажа концерт во Скопје на 1 јуни, но го одложи од како што рече здравствени причини.
„Времето тогаш беше променливо, а јас бев малку болен и не сакав да ризикувам“, изјави Владо летово. Јаневски одржа концерт во Охрид, во Античкиот театар во август.
„Сега имам повод за муабет. Претходно сигурно си викавте за мене дерка сум вообразен, но навистина немав што да ви кажам“, изјави Јаневски неодамна откако по втор пат го прекина медиумскиот молк по неколку години.