256
Бјанка Сенсори повторно со својот моден избор ги запрепасти сите, овој пат додека шеташе по улиците на Мајорка, Шпанија.
Прошета облечена во нејзин препознатлив „стил“ – речиси гола, поточно во црно танга боди и хулахопки.

Триесетгодишната австралиска архитектка остави малку на фантазијата.
Можеби модниот избор е трик за да го одвлече вниманието од нејзината чудна одлука да остане во брак со Канје Вест, по неговата шокантна изјава за инцест и низа други скандали.

И покрај скандалите, Бјанка на фотографиите изгледа смирено додека го паркира својот црн луксузен автомобил и самоуверено влегува во локална продавница, со задникот јасно видлив низ тесната мрежеста ткаенина.

