Бред Пит има црна листа на актери со кои повеќе не сака да работи

by Тони Зографски

Бред Пит наводно води список на колеги со кои никогаш повеќе не сака да снима филм. Тоа барем го тврди актерот Арон Тејлор-Џонсон, кој со Пит глумеше во акциониот филм “Bullet Train”.

Според Тејлор-Џонсон, Пит внимателно бележи со кои актери ужива да работи и со кои не сака повеќе да се најде на ист сет.

„Тој само сака да внесе светлина и радост во светот, и да биде опкружен со луѓе кои се таму за да се забавуваат. Работиш со многу актери и со текот на времето почнуваш да забележуваш: ’Со оваа личност дефинитивно повеќе никогаш.‘ И Бред има список на добри и список на лоши“, изјави Тејлор-Џонсон за “Variety”.

Во текот на својата богата кариера, Пит глумеше покрај некои од најдобрите и најпознатите актери во Холивуд.

Иако официјално не е познато кои имиња се на неговата листа на посакувани и непосакувани соработници, во јавноста кружат шпекулации дека на неа се наоѓаат Кејт Бланшет, Лупита Нионго, Леонардо ди Каприо, Тилда Свинтон, како и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com