Дваесетгодишно момче од Боливија е уапсено поради кражба откако се заглавило во оџакот на една куќа во Буенос Аирес што ја ограбувал.
Арамијата украл скапа облека, МП4-плеер и таблет, кои ги спакувал во една торба. Во моментот кога тргнал да го краде и телевизорот, слушнал дека некој доаѓа и во паника го вратил телевизорот, ја оставил торбата и почнал да бега. Со оглед на тоа што сопствениците влегле преку вратата, негов единствен излез бил оџакот, но се заглавил и почнал да вика за помош.
Целата ситуација ја решиле соседите кои повикале полиција.