Улица
  • вести
    • економија
    • политика
    • свет
    • хроника
  • сцена
    • култура
    • забава
    • занимливости
  • улична школа
  • боја на мода
  • колумни
  • спорт
    • фитнес
  • здравје
  • храна
  • хороскоп
  • миленици
  • време
  • Импресум
  • За порталот
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Временска прогноза

Улица

Banner
  • вести
    • економија
    • политика
    • свет
    • хроника
  • сцена
    • култура
    • забава
    • занимливости
  • улична школа
  • боја на мода
  • колумни
  • спорт
    • фитнес
  • здравје
  • храна
  • хороскоп
  • миленици
  • време
здравје

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Хијалуронски филери и нивна примена во естетската дерматологија

by Тони Зографски October 4, 2019October 4, 2019
October 4, 2019October 4, 2019
ВАША ОРДИНАЦИЈА: Хијалуронски филери и нивна примена во естетската дерматологија

 

Специјалист дерматовенеролог д-р Искра Петровска Шешова

 

Хијалуронските филери се едни од најупотребуваните и најбараните третмани во естетската дерматологија после употребата на третмани со ботокс.

Хијалуронските филери претставуваат поплнувачи кои содржат хијалуронска киселина која природно се наоѓа во нашата кожа.Таа на истата и ја дава свежината,еластичноста и младешкиот изглед.Нејзината улога е да ја задржува водата во кожата(хидрира),да го намалува сушењето, да ја подобрува еластичноста , затегнатоста и да ги забрзува процесите на заздравување на кожата.

Како ние старееме така се намалува концентрацијата на хијалуронската киселина во нашата кожа.Тоа го предизвикува настанувањето на првите брчки,кожата станува сува,се намалува еластичноста , волуменот и се губи сјајот и свежината.

Што добиваме со употребата на хијалуронски филери

-Враќање на влажноста на кожата (хидратација)

-Подобрување на еластичноста и затегнување на кожата

-Ревитализација

-Враќање на волумен на кожата

-Потекнување на создавање на нов колаген и еластин

-Лифтинг на лицева регија

Каде се употребуваат хијалуронските филери

-Пополнување на брчки на назолабијални бразди

– Пополнување јаболчници

– Лузни од акни

-Зголемување на усни

-Корекција на нос и брадичка

-Подочњаци

Каде неможат да се употребуваат хијалуронските филери

Хијалуронските филери неможат да се употребуваат кај лица кој се алергични на супстанцијата која ја има производот

Ако имаат моментална инфекција на кожата

Кај бремени жени и доилки

Ако имаат некое автоимунозаболување

Како се изведува постапката

Пациентот доаѓа на консултативен разговор со цел да биде информиран за целата постапка.

Од особена важност е пристапот да е индивидуален.

-На пациентот му се дава протокол за согласност за апликација со хијалуронски филер.

-Делот кој ќе се третира се чисти од шминка и се става локален анестетик и се држи 5-10мин.да обезболи местото.

-Потоа се чисти од анестетикот се одбележува местото каде ќе се аплицира филерот.

-Местото на апликацијата се дезинфицира и се вбризгува хијалуронскиот филер.

-По завршувањето на третманот се користат ладни облоги со цел да се смири црвенилото и отокот.

-Ефектот е видлив веднаш после третманот . Но најдобрите резултати се гледаат после 14 дена додека се смири црвенилото , отокот и додека се распредели самиот филер.

Ефектите од хијалуронскиот филер траат помеѓу 9 до 12 месеци може и подолго.Тоа зависи од концентрацијата на хијалуронската киселина во филерот,каков тип сме употребиле,од квалитетот на самиот филер,од градбата на кожата и од моменталната состојба на лицето.

Несакани ефекти

Хијалуронските филери имаат најмалку несакани ефекти единствено може да има лесно црвенило после третманот, оток и модрица кои за неколку дена се повлекуваат . Доколку се работи нестручно и со неквалитетен производ несаканите ефекти може да се сериозни како што е појава на грануломи,инфекција на кожа и изумирање ( некроза на ткиво) Несаканите ефекти се сведуваат на минимум ако се изведуваат во медицинска установа и од стручно лице .

Добар производ не може да е и ефтин производ.

Добро распрашајте се за клиниката каде планирате да го правите овој третман.

Докторот да е лиценциран и сертифициран со долгогодишно искуство во естетската медицина.

2
FacebookTwitterGoogle +Pinterest

останати вести

Типови на луѓе кои се отровни за вас

Промена на бојата на забите (дисколорации)

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Електролитни пореметувања

АКТЕРКАТА ЗАЗДРАВУВА: Од голем стрес Неда завршила во...

Аларм во Скопје: Како да се препознаат морбили...

Зимски денови: Знаете ли што лекува чоколадата?!

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Ехосонографија на стомачни органи – зошто...

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Дали атлетското стапало се јавува само...

ВАША ОРДИНАЦИЈА:Трансплантацијата на коса дава трајни резултати

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Постназален дрип

Најнови

  • БУГАРИЈА СЕ ПРОСТУВА: Почина најстарата глумица во светот (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Државната видеолотарија во крводарителна акција засилена со неколку јавни личности (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Викенд хороскоп: За Рибите забава, за Лавот дружба со пријатели

    December 6, 2019
  • ВАША ОРДИНАЦИЈА : Hifu неинвазивен нехирушки лифтинг идеално решение за подмладена  и ревитализирана кожа

    December 6, 2019

најчитани

  • 1

    Тамара роди син, Хана доби брат

    December 12, 2018
  • 2

    Снежана Ѓуришиќ: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува…

    March 16, 2019
  • 3

    Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв

    December 10, 2018
  • 4

    На Маријана и беше роденден вчера, а на Росана денес

    December 14, 2018
  • 5

    Топено сирење со Баш Ајвар и фурнаринки

    October 4, 2018

категории

  • Uncategorized (43)
  • боја на мода (59)
  • вести (2,202)
    • економија (123)
    • политика (213)
    • свет (763)
    • хроника (898)
  • време (23)
  • здравје (254)
    • Елена (32)
    • Искра (4)
    • Оливер (9)
  • колумни (59)
  • миленици (18)
  • спорт (515)
  • сцена (3,590)
    • забава (2,861)
    • занимливости (259)
    • култура (40)
  • улична школа (97)
  • фитнес (14)
  • хороскоп (268)
  • храна (19)

За Улица.МК

 

Улица.мк е портал што третира теми за сите генерации. Улица е местото каде што се случуваат и се дознаваат сите битни работи во нашиот живот. Зачекорете на Улица.мк со нас.

Facebook Twitter Google + Instagram Pinterest Youtube Snapchat

Најчитани текстови

  • 1

    Тамара роди син, Хана доби брат

    December 12, 2018
  • 2

    Снежана Ѓуришиќ: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува…

    March 16, 2019
  • 3

    Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв

    December 10, 2018

Избор на уредникот

  • БУГАРИЈА СЕ ПРОСТУВА: Почина најстарата глумица во светот (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Државната видеолотарија во крводарителна акција засилена со неколку јавни личности (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Викенд хороскоп: За Рибите забава, за Лавот дружба со пријатели

    December 6, 2019

@2018 - Улица.мк. Сите права се задржани. Web by: Perfect